Албанија со највисок јавен долг во регионот

1 min read

Долгот што албанската влада го зела за да ги покрие дополнителните трошоци, кои не можат да се покријат со буџетски приходи, во вториот квартал од годинава, достигнал 82,7 отсто од бруто домашниот производ(БДП), се наведува во најновиот извештај на Европската комисија за земјите кандидати и земјите пред-кандидати.

– Според извештајот на Европската комисија, јавниот долг достигнал на 82,7 отсто од БДП, наспроти 74,9 во првиот квартал и 68,8 отсто споредено со вториот квартал минатата година. Ова е највисокото ниво во регионот, дури ја надмина и Црна Гора, која имаше најголем долг до сега, наведува во својата анализа магазинот „Монитор”.

Додава дека наспроти ЕК, Министерството за финансии, во билтенот за јавниот долг, наведува дека нивото на долгот е на многу пониско ниво, односно од 69,5 отсто од БДП во првиот квартал од 2022 година, што е намалување за 3,6 отсто со нивото на крајот на 2021 година, кога, според министерството изнесувал 73,1 отсто од БДП.

Во регионот, во вториот квартал од годинава, Косово има најниско ниво на јавен долг односно 20,3 отсто од БДП, Босна и Херцеговина (35,4%), Северна Македонија (47%), Србија (56,5%), и Црна Гора (76,6%).

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ЈСП Скопје апелира да се носат маски во автобусите

Следно

Хероина на СП: Ја победи депресијата и стана светска шампионка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian