ВИДЕО | Бритни Спирс запеа по долгогодишна пауза: Конечно твојот вистински глас!

2 mins read

Поп-принцезата Бритни Спирс се огласи на Инстаграм и запеа по долго време. Иако песната „Baby One More Time“ на многумина им е позната од поодамна, пејачката сега ја изведе во нова верзија, со својот вистински глас.

„Ова сум јас вчера како перам алишта и средувам облека. Не сум го пуштила гласот многу долго… можеби предолго… и еве ме дома и ја пеам втората верзија на „Baby“, започнала во објавата.

Таа потоа рекла дека на таа верзија на песната всушност се работи со години и се надева дека повторно ќе објави ажурирана верзија.

„Па, 14 години го барав она што го сакав… втора верзија на „Baby“, но продуцентите, всушност, да работеа за мене и да го составеа тоа… за почеток … но тимот рече „не““, откри пејачката, а потоа повторно спомна дека за тоа е виновно нејзиното семејство.

Таа вели дека семејството и ја уништило новата верзија што ја снимила, па сега повторно ја испеала со својот глас.

„Ми го уништија, ме посрамотија и направија да се чувствувам како ништо! Вистината е к…а,“ порачала Бритни.

Пејачката во текот на кариерата често го криела својот подлабок вистински глас, а за тоа, исто така, го обвинувала семејството. Таа со својот настап ги воодушеви обожавателите, а многумина ѝдадоа поддршка.

„Мораш да ја снимиш оваа верзија, девојко! Сакаме да го слушаме твојот глас“, ѝ рекле обожавателите во коментарите.

„Твојот длабок, природен глас е најдобар“, заклучила една обожавателка.

Песната „Baby One More Time“ беше објавена во 1998 година. Токму оваа песна ја однесе на врвот на музичките топ-листи во 22 земји и ѝ донесе Греми. Бритни наводно планирала да се врати во студио за да снима музика, а се чини дека ова е голем почеток.

Бритни Спирс за документарните филмови за нејзиниот живот: Ме посрамотија, а ми велеа дека ми помагаат

Бритни не ја поканила мајка си на венчавката: Лин Спирс се огласи на „Инстаграм“

Поранешниот сопруг на Бритни Спирс се обидел да ѝ ја уништи свадбата: Полицијата го уапсила

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО: Али Адем повторно ќе го носи дресот на Шкупи

Следно

Османи: Скринигот почнува веднаш по првата меѓувладина, комплетирање на отворањето на преговорите по автоматизам, но по промена на Уставот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian