ВИДЕО: Браво Марко, успешно завршено и препливувањето на релација Струга – Пештани

1 min read

Младиот пливач-маратонец Марко Пејчиновски уште еднаш ја воодушеви македонската спортска јавност.

На 17 јули 2022 година го заврши и своето петто препливување за ова лето овојпат на релација Струга – Пештани.

Препливувањето (второ во јули) од 21 километар успеа да го заврши со време од 7 часа, пет минути и 59 секунди.

Потсетување дека Марко летово има план да плива 10 различни делници, во вкупна должива од околу 250 км.

Првото препливување беше на релација Радожда – Охрид (14 км) со време од пет часа и 25 минути, потоа второто беше од Радожда до Градиште (18 км) со време од шест часа и 40 минути, на третото по третпат во јуни го преплива Охридското езеро на делница од Радожда до Трпејца (20 км) за шест часа и четири минути, а четвртото препливување беше од Струга – Св. Наум (30 км) со време од девет часа и 26 минути.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Додик: Одлуката на Загреб е неприфатлива и не е добра за односите меѓу Хрватите и Србите

Следно

Денес се празнува Преподобен Атанасиј Атонски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian