„Со овој објект споменот за Никола ќе трае вечно“, емотивно дрон видео од нов спортски објект во општина Аеродром

1 min read

Аеродром доби уште едно современо спортско игралиште, станува збор за спортски објект посветен на Никола Христовски, младото момче кое пред две години беше убиено во скопската населба Ново Лисиче. Тој беше вистински вљубеник спортот, страстен навивач и дел од редовите на кошаркарскиот клуб МЗТ. 

Спортското игралиште кое е сместено во срцето на Ново Лисиче го носи името на нашиот прерано починат Никола Христовски – Кољо. Со ова игралиште споменот за Никола ќе трае вечно, се вели во објавата од општината Аеродром.

Од општината додаваат дека се грижат за секое катче, секој жител на општината добива најсовремени услови за спортување веднаш до својот дом, а Аеродром гордо го носи епитетот најспортска општина.

skopjeinfo.mk

Претходно

Протоколот е потпишан во Софија, но нема да биде објавен ниту денеска

Следно

Сериски прељубник: Емили Ратајковски се разведува поради неверство на сопругот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian