Шкендија ги дозна потенцијалните ривали во третото коло на Лигата на конференции

1 min read

Тетовските „црвено-црни“ предводени од тренерот Артим Шаќири успешно го започнаа европското лето, откако во првото квалификациско коло на Лигата на конференции го елиминираа ерменскиот Арарат Ереван.

Во понеделник (18 јули) од 14.00 часот во швајцарскиот Нион ќе биде жрепката преку која ќе се знаат паровите за третото квалификациско коло.

Шкендија прво треба да биде подобра во двомечот со летонската Валмиера во второто квалификациско коло, а доколку тоа се случи во следната рунда ќе игра со победникот од следните парови:

Спартак Трнава (Словачка) – Њутаун (Велс)
Бреидаблик (Исланд) – Будуќност Подгорица (Црна Гора)
Мадервел (Шкотска) – Слиго Роверс (Ирска)
АИК (Шведска) – Ворскла Полтава (Украина)

Шкендија би можела да налета на Спартак Трнава во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Милан Ристовски, а еден од потенцијалните ривали е и Ворскла Полтава чиј член е нашиот дефанзивец Ѓоко Зајков кој поради руската агресија врз Украина, беше испратен на позајмица во бугарската екипа на Славија Софија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нешо: „Не” од Северна Македонија ќе го одложеше отворањето на преговорите на Албанија за уште една деценија

Следно

Одлична и за слабеење: Летна верзија на салатата „Цезар“, без мајонез и павлака

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian