Сериски прељубник: Емили Ратајковски се разведува поради неверство на сопругот

2 mins read

Како што пишуваат странските медиуми, бракот на Емили Ратајковски и Себастијан Бер-МекКлард завршил поради неговото наводно неверство.

Се чини дека познатата манекенка и актерка Емили Ратајковски планира да се разведе од сопругот Себастијан Бер-МекКлард, а странските медиуми пишуваат дека таа се одлучила на тоа откако тој наводно ја изневерил.

Извор близок до манекенката ја потврдил приказната ексклузивно за „Пејџ сикс“.

„Да, тој изневеруваше. Тој е сериски измамник. Одвратно е“, рекол изворот кој сакал да остане анонимен, додавајќи дека Емили планира да поднесе барање за развод.

Шпекулациите за проблемите во бракот се појавија откако 31-годишната Емили беше видена во јавноста без бурмата. Меѓутоа, парот засега не се огласи во јавноста на оваа тема, ниту на своите социјални мрежи, така и во разговорите со медиумите.

Да потсетиме, Емили и Себастијан се венчаа во февруари 2018 година, само две недели откако објавија дека се во врска, а заедно го имаат едногодишниот син Силвестер.

Инаку, манекенката се омажи за Себастијан три месеци откако ја прекина долгогодишната врска со музичкиот продуцент Џеф Меџид. Подоцна откри дека го запознала Себастијан додека сè уште била во врска.

– Жените секогаш знаат кој е оној вистинскиот. Знаев дека не смеам да се дружам со Себастијан насамо додека бев во врска, бидејќи знаев дека тој е тој. И следното нешто што се случи беше венчавката – изјавила манекенката во едно интервју.

Сега на таа љубов, се чини, ѝ дојде крајот.

Ратајковски ја одбележа годишнината со емотивно видео на Инстаграм

ФОТО | Емили Ратајковски стана мајка: Запознајте го малиот Силвестер!

ФОТО | Емили Ратајковски му го честиташе роденденот на синчето како од мајка родена

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Со овој објект споменот за Никола ќе трае вечно“, емотивно дрон видео од нов спортски објект во општина Аеродром

Следно

Генчовска до Османи: Бугарија ве поддржува, ви посакуваме успех на патот кон ЕУ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian