Рики Мартин обвинет за инцест со внукот, на пејачот му се заканува казна затвор до 50 години

5 mins read

Поради страшните обвинувања за инцест и прогонување со кои моментално се соочува славниот латино пејач Рики Мартин, би можел да добие повеќедецениска затворска казна, а сега на површина излегоа и деталите за скандалот кој веќе извесно време го тресе славниот Порториканец.

Имено, 21-годишниот внук на Рики Мартин, Денис Џадиел Санчез, како што пишува „Дејли мејл“, повикувајќи се на шпанска „Марка“, го обвини пејачот за инцест, а доколку тоа се докаже, 50-годишниот музичар може да добие и до 50 години затвор.

Инаку, Мартин на почетокот на јули, доби забрана за приоѓање на Санчез поради семејно насилство во Порторико, но идентитетот на жртвата не беше познат. Неговиот брат, Ерик Мартин, во меѓувреме, како наводна жртва го идентификувал внукот на пејачот, Денис Џадиел Санчез, пишува „Марка“. Ситуацијата е целосно бизарна бидејќи Мартин наводно е обвинет за „физички и психички напади“ на Санчез во текот на нивната седуммесечна врска, која е прекината пред околу два месеца.

Рики Мартин со семејството/Фото: Инстаграм/Принтскрин

Портпаролот на Мартин веќе ги нарече тие први наводи за злоупотреба целосно лажни и измислени во изјавата за „Пипл“.

Рики Мартин, кој е во брак со Џван Јозеф од 2017 година, со кој има четири деца, треба да се појави пред порториканскиот суд на 21 јуни.

Рики Мартин со сопругот/ Фото: Профимедиа

Тужителот, за кој се верува дека е Санчез, побарал наредба за ограничување на пејачот на 1 јуни, според законот за семејно насилство во Порторико, а наредбата му забранува на Мартин да контактира или да му се јавува на подносителот на тужбата, кој наводно се плаши за својата безбедност.

Според тој судски налог, во кој имал увид порториканскиот весник „Ел Вочеро“, Мартин и Санчез раскинале пред два месеца, по седум месеци врска.

Санчез тврди дека Мартин не го прифатил нивното раскинување и дека во најмалку три наврати бил виден како талка во близина на неговата куќа, пишува „Ел Вокеро“. Исто така, се наведува дека Мартин консумирал големи количини алкохол и дрога.

Адвокатите на пејачот, продолжува „Дејли мејл“, ги отфрлија обвинувањата и подготвуваат одбрана против Санчез, кој, наводно неодамна бил обвинет од една жена, откако наводно ја малтретирал и и се заканил дека ќе и го уништи животот.

Адвокатскиот тим на Мартин изјави за „Дејли мејл“ дека обвинителот се бори со длабоки ментално проблеми и веднаш ги отфрлил одвратните обвиненија.

„Рики Мартин, се разбира, никогаш не бил и никогаш не би бил вклучен во каква било сексуална или романтична врска со својот внук. Таа идеја не само што е невистинита, туку и одвратна. Сите се надеваме дека овој човек ќе ја добие помошта што итно му е потребна. Но, повеќето од сè, со нетрпение очекуваме да го отфрлиме овој грозоморен случај штом судијата ќе почне да ги разгледува фактите“, им рекол адвокатот Мартин Сингер.

Ерик Мартин го повтори тврдењето на адвокатот, за „Латин пост“ дека неговиот внук страда од психички проблеми и дека е многу сигурен дека неговиот млад братучед не ја кажува вистината.

Претставникот на Мартин синоќа за „Дејли мејл“ потврди дека тужителот е биолошки роднина на пејачот.

Инаку, она што е многу интересно е како подносителот на забраната на приоѓање не ја контактирал полицијата, што потоа би вклучило ангажман на обвинителот да утврди дали има доволно докази за да се подигне обвинение. Наместо тоа, тужбата отишла директно на суд. Порториканскиот закон многу сериозно ги сфаќа обвинувањата за инцест. Доколку се потврди наводната романса меѓу Мартин и Санчез, пејачот може да добие и до 50 години затвор.

Рики Мартин се осврна на обвинувањата на Твитер.

„Налогот издаден против мене се заснова на целосно лажни обвиненија, па затоа низ судскиот процес ќе одговорам со фактите и достоинството што ме карактеризира. Бидејќи станува збор за приватен предмет кој е во тек, од овој момент не можам да давам подетални изјави. Благодарен сум на безброј пораки за солидарност и ги примам со цело срце“, напишал Мартин. Тој не даде никакви дополнителни изјави во врска со обвинувањата.

„Морам да најавам дека сме бремени“: Рики Мартин и сопругот го очекуваат четвртото дете

Поранешната менаџерка го тужи Рики Мартин за 3 милиони долари

Зошто имаме двајца татковци? Еве како Рики Мартин им одговорил на синовите на ова прашање!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Керли е светски шампион на 100 метри, доминација на Американците

Следно

Милевски: Не сум дал поддршка за францускиот предлог, ама ни руските групации нема да победат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian