Претпладне жешко, попладне нестабилно со дожд

1 min read

Времето денеска ќе биде претпладне сончево, а попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. УВ ќе биде 8.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 34 степени.

Од понеделник, синоптичарите најавуваат стабилно време. Температурата до вторник ќе биде во благо опаѓање, а од четврток ќе бележи позначителен пораст. 

skopjeinfo.mk

Претходно

По 17 години Северна Македонија ќе ги отпочне преговорите со ЕУ, во Софија денес потпишување на билатералниот протокол

Следно

Истражување: Воспаление на грлото е новиот главен симптом на ковид-19

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian