Петар Грашо стана татко: Се породи Хана Хуљиќ, девојчето ќе добие необично име

2 mins read

Хрватската музичко-брачна двојка Хана Хуљиќ (31) и Петар Грашо (46) станаа родители, објави „Далмација данас“.

Хана утрово пристигнала во родилиштето во Сплит, а попладнето се породила со царски рез. Брачната двојка претходно најави дека девојчето треба да се вика Алба.

Првобитниот датум на породување беше 23 јули.

За нивната љубов се дозна во октомври 2020 година, недолго откако пејачот ја прекина 24-годишната врска со Данијела Мартиновиќ.

Фото: Инстаграм

Хана и Петар ја чуваа својата љубов во тајност до октомври минатата година кога за првпат беа фотографирани заедно додека се шетаат во центарот на Загреб, а набргу потоа Хана се всели кај Петар.

„Петар е наш голем семеен пријател. Ако тие се среќни, а колку што гледам се среќни, тогаш јас и мојата сопруга Вјекослава сме среќни“, изјави претходно таткото на Хана, Тончи Хуљиќ.

Хрватскиот пејачка ѕвезда Петар Грашо и неговата сакана Хана Хуљиќ го кажаа судбоносното „да“ на 19 февруари во сплитската црква Св. Доминик – парот се заколна на вечна љубов пред членовите од најблиското семејство, како и кумовите.

Петар Грашо и Хана Хуљиќ/венчавка/Инстаграм
Петар Грашо и Хана Хуљиќ/венчавка/Инстаграм

Откако се дозна за нивната романса, тие цело време беа под будното око на фотографите и јавноста.

„Ние бевме само двајца луѓе кои сакаа да се венчаат во кругот на пријатели. Направивме мала грешка. Колку повеќе се затворавме, толку повеќе бевме опкружени. Тоа е животот… Ми беше важно тонот да е поважен од сликата. Кога требаше да дојдеме во црквата, бевме принудени да дојдеме со автомобил, што и мене ми изгледаше чудно. Замислував дека оваа убава работа ќе ја направиме фатени за рака, одејќи низ градот…“, откри во едно интервју Грашо.

ФОТО | Петар Грашо насмеан од уши до уши на венчавката со Хана: Се чувствувам како вистински маж!

Петар Грашо откри детали од венчавката со Хана и медиумскиот интерес: Го зеде моето презиме, но…

Петар Грашо откри детали од венчавката со Хана и медиумскиот интерес: Го зеде моето презиме, но…

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мицкоски: Протоколот носи промена на учебници и историски факти

Следно

Историската комисија функционира автономно и нема политички влијанија, вели Османи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian