Одлична и за слабеење: Летна верзија на салатата „Цезар“, без мајонез и павлака

1 min read

Во текот на летото сите се трудат да се хранат што е можно поздраво, а летната верзија на салатата „Цезар“ ќе ве воодушеви.

„Цезар“ салата со години е едно од најпопуларните летни јадења. Освен што лесно се вари, таа е и здрава, а доколку ја направите без мајонез и павлака ќе биде уште поздрава, а може да ви помогне и да се ослободите од вишокот килограми.

Наместо класичниот прелив од павлака и мајонез, направете поедноставен и поздрав со само две состојки.
Еве што ви е потребно и како да ја направите оваа салата.

Состојки:

– 1 мал праз
– ајсберг салата
– домат
– варена пченка
– бело пилешко месо
– вегета
– сол
– сок од лимон
– маслиново масло

Подготовка:

Пилешкото бело месо исечкајте го на ситни коцки и пропржете го на малку масло. Додадете зачини по желба.

Исечкајте го зеленчукот, па сè измешајте и прелијте со маслиново масло и сок од лимон.

Тие ќе дадат одлична арома, а се поздрави и подобри за организмот од мајонезот и павлаката.

Вака подготвен оброк можете да понесете и на работа, без да се грижите дали ќе се расипе на пат кон работа.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шкендија ги дозна потенцијалните ривали во третото коло на Лигата на конференции

Следно

Протоколот е потпишан во Софија, но нема да биде објавен ниту денеска

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian