Нов портрет: Сопругата на принцот Чарлс го слави 75-тиот роденден и откри што ја нервира

3 mins read

Објавена е официјална фотографија од опуштената војвотка од Корнвол по повод нејзиниот 75-ти роденден. Камила, сопруга на принцот Чарлс, изгледа опуштено и насмеано на фотографијата.

Фотографијата на сопругата на престолонаследникот, принцот Чарлс, следеше по напорната недела за британското кралско семејство. На фотографијата, идната кралица седи на градинарска маса со цвеќиња и други растенија видливи во позадина. Во скутот го држи кучето, а пред неа е филџан чај и чинија полна со праски. Војвотката го уредуваше најновото издание на списанието „Country Life“ како гостинка, а нејзиниот син, гастро-блогерот Том Паркер Боулс, напиша пофалница за праските, главната состојка во еден од омилените десерти на неговата мајка – праската Мелба.

Паркер Боулс пишува: „Мајка ми е воодушевен одгледувач на бели праски (темата на колумната овој месец беше главно нејзина идеја), но тие секако не очекуваат внимание“. Фотографијата е направена минатиот месец во градините на Рајмил, одморалиштето на Камила во Лакок – Вилтшир, каде што се одгледувале праските на фотографијата. Таа го купила имотот со шест спални соби, на околу 25 километри од домот на принцот Чарлс, Хајгров, откако се разведе од Ендрју Паркер Боулс во средината на 1990-тите.

Instagram
Фото: Инстаграм

Војвотката е облечена во син цветен фустан од дизајнерката Софи Дандас на оваа фотографија на Getty Images. Роденденот ќе го прослави со мала семејна вечера, според информациите од кралската резиденција Кларенс Хаус. Синот и ќерката на Камила, Лаура Лопес, се очекува да бидат на забавата заедно со нејзината помлада сестра Анабел Елиот.

Фото: Инстаграм

Во интервјуто за „Дејли мејл“, војвотката откри дека благодарение на нејзините внуци го прифатила светот на социјалните мрежи – ТикТок. Таа исто така изјавила дека Чарлс сака да им чита на своите внуци и дава се од себе. Таа се пожалила дека семејните оброци се минато бидејќи сега сите се на „своите уреди“. Во изјавата за весникот, војвотката рекла: „Семејствата повеќе не седат и вечераат, нели? Во мое време бевме на маса за да јадеме. Сега секој е на своите уреди. Тоа многу ме лути“, додала Камила.

Кралски пресврт: Елизабета Втора сака Камила да биде назначена за кралица!

Ако Камила Паркер стане кралица, нејзините деца Том и Лора не добиваат никакви титули

ФОТО: Временски приказ на љубовната врска помеѓу принцот Чарлс и Камила

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Готово: Де Лихт ќе биде нов фудбалер на Баерн Минхен

Следно

Додик: Одлуката на Загреб е неприфатлива и не е добра за односите меѓу Хрватите и Србите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian