Иако се најавуваше дека пред крајот на минатата сезона ќе го напушти Удинезе, Илија Несторовски одлучи да потпише нов договор со италијанскиот клуб Удинезе.
Илија Несторовски кој лани воглавно беше на клупата, а и повредата на коленото го принуди да биде надвор од терените, сега се бори повторно да добие место во стартните 11 пред новата сезона во Серија А.
Токму кога е најпотребно македонскиот напаѓач повторно блеска, и тоа во контролните мечеви летово кои служат како подготовка пред стартот на шампионатот.
Несторовски ја продолжува гол серијата, денеска благодарение на неговиот хет-трик Удинезе триумфираше со 3:0 против словенечкиот второлигаш Илирија. Головите нашиот играч ги реализираше во 48, 75 и 87 минута од средбата.
Tripletta di Nesto ⚽️⚽️⚽️
Nestorovski hat-trick 🎩
⚪️⚫️ #ForzaUdinese #AlèUdin #Udinese pic.twitter.com/NMbFLprgGV
— Udinese Calcio (@Udinese_1896) July 17, 2022
До сега во пријателските натпревари Несторовски запиша вкупно шест погодоци, претходно еден запиша против австрискиот Лиенц (11:0) и уште два во ремито со германската Херта Берлин (3:3).
Удинезе овој месец има закажано уште две контролни средби, на 21 јули против Баер Леверкузен и на 29 јули против Челси.