Нешо: „Не” од Северна Македонија ќе го одложеше отворањето на преговорите на Албанија за уште една деценија

1 min read

Албанскиот дипломат Агим Нешо смета дека Албанија имала среќа што од преговорите излегла деблокирана како резултат на одговорноста на македонскиот Парламент, но и на геополитичката одлука на ЕУ да ги има Албанија и Северна Македонија како нејзин дел.

За „Ора њуз” тој изјави дека доколку „нашиот сосед кажеше „не” тоа би значело уште една изгубена деценија за Албанија во преговорите”.

-Отворањето на преговорите се чини дека доби зелено светло од одговорното однесување на Собранието на Северна Македонија. Тоа е чин кој има цена поради проблемите во земјата поврзани со националниот идентитет. Но, Северна Македонија избра безбеден пат, европската перспектива. Нивната одлука е во наш интерес. Денеска меѓународниот печат пишуваше дека доколку македонскиот парламент кажеше не, отворањето на преговорите можеше да се одложи за уште една деценија. Имаме среќа, оцени Нешо.

Според него, неопходна е потребата Албанија да ги отвори преговорите и да биде под контрола на европските вредности и принципи.

– Ова е само отворање, зрак надеж, што покажува дека за Албанија, без оглед на исполнетите или неисполнетите задачи што ги има, постои политичка волја од земјите на ЕУ кои бараат што поскоро Западен Балкан, особено Албанија и Северна Македонија, да бидат дел од неа, констатира албанскиот дипломат.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Скопје на велосипед

Следно

Шкендија ги дозна потенцијалните ривали во третото коло на Лигата на конференции

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian