Во изминатиот период излезе информација дека Милан нуди 35 милиони евра за услугите на македонскиот репрезентативец.
Повторно се шпекулира дека Елиф Елмас (22) би можел наскоро да го напушти Наполи со кој има важечки договор до 30 јуни 2025 година.
Според италијанските медиуми, „наполитанците“ бараат поголема сум за нашиот играч, поточно 40 милиони евра.
Тренерот на Наполи, Лучано Спалети не е сигурен дали да се раздели летово и со македонскиот фудбалски „дијамант“ после разделбата со Инсиње, можното заминување на Политано и неизвесноста околу Мертенс.
Од друга страна Елмас би се вклопил во системот на „росонерите“, поточно во формацијата на Стефано Пиоли (4-2-3-1) како играч за врска во нападот или како крило.