Нападната полицијата во северно Косово, повредени петмина полицајци

1 min read

Косовската полиција соопшти денеска дека петмина нејзини припадници се повредени и е оштетено службено возило, во акција спроведена синоќа за спречување на нелегалната трговија во северно Косово, во областа населена со мнозинско српско население, јави дописникот на МИА од Приштина.

Настанот се случил во селото Јашаница, општина Лепосавиќ, каде што полицијата забележала камион за кој се посомневала дека пренесува шверцувана стока од Србија. Полицијата го блокирала патот со две возила и се обидела да го запре камионот, но тој не ја послушал наредбата и продолжил да се движи со голема брзина, удирајќи во едно од возилата и повредувајќи пет полицајци.

Во соопштението се наведува дека полициските службеници биле принудени да употребат и огнено оружје и ја продолжиле потерата, по што по извесно време успеале да го запрат камионот во селото Лажине и да го уапсат возачот. Се работи за лицето А.Д. (1990), кој се сомничи за извршување кривични дела Нелегално преминување на границата, Шверц на стоки и Напад врз службено лице.

Во акцијата е запрено уште едно патничко возило, чиј возач се претпоставува дека бил во комуникација со возачот на камионот и се обидел да ја наруши полициската акција.

Возачот на патничкото возило, У. Р. (2002), е пуштен да се брани од слобода, додека запленетата шверцувана стока е предадена на Царините на Косово за натамошна процедура.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Маричиќ од Софија: Отворивме европско поглавје во односите со Бугарија

Следно

Наполи од Милан бара 40 милиони евра за услугите на „дијамантот“ Елмас

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian