Младиот англиски репрезентативец Перкинс потпиша за Лидс

1 min read

Играчот од средниот ред Сони Перкинс веќе го потпиша договорот, ги заврши лекарските прегледи и од ова лето ќе ги брани боите на Лидс кој наскоро треба да го официјализира трансферот.

Младиот 18-годишен англиски репрезентативец до сега беше дел од екипата на Вест Хем за кој имаше само еден настап минатата сезона во Премиер лигата.

Од 2019 година беше член на „чеканите“, лани воглавно играше во втората Премиер лига каде што запиша 12 голови од 21 настап.

Клубот од „Еланд роуд“ нема намера за 35 милиони фунти да го продаде Џек Харисон за кој интерес покажува Њукасл.

Воедно и натаму Лидс ја следи ситуацијата со напаѓачот на ПСЖ, Арно Калимуендо (20) кој лани како позајмица во Ленс постигна 12 голови.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кузеска: Македонската иднина е европска, за два дена започнува дијалогот со ЕУ

Следно

ВИДЕО | Ајкулата ме изгриза и ме плукна: Прво интервју на човекот што го нападна голема бела ајкула

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian