ЛК: Македонија ЃП во третото коло може да налета на Брондби, Данди јунајтед..!

1 min read

Македонија Ѓорче Петров, актуелниот освојувач на Купот на Македонија, беше директно сместен во второто квалификациско коло во Лигата на конференции во кое ќе ги одмери силите против ЦСКА Софија.

Според досегашните најави првиот натпревар ќе се игра на 21 јули во Скопје од 17.00 часот на ФФМ Тренинг центарот „Петар Милошевски“, а реваншот е седум дена подоцна во бугарскиот главен град.

Во понеделник (18 јули) од 14.00 часот во Нион ќе се одржи жрепката преку која ќе се дознаат двојките за третото квалификациско коло.

Доколку „лавовите“ од Ѓорче Петров бидат подобри во двомечот со ЦСКА Софија, во следната рунда ќе игра против еден од победниците од дуелите Погон Шчекин (Полска) – Брондби (Данска), Ст. Патрикс Атлетик (Ирска) – Мура (Словенија) и Сеинајоки (Финска) – Лилестром (Норвешка), а потенцијал ривал е и шкотскиот Данди јунајтед.

Во утрешната жрепка ќе се најде и Шкендија која во второто квалификациско коло ќе игра против Валмиера од Летонија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Генчовска до Османи: Бугарија ве поддржува, ви посакуваме успех на патот кон ЕУ

Следно

ФОТО | Викторија и Дејвид Бекам ги нападнаа поради фотографијата од Хрватска: Зошто убивте толку ежови?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian