Кузеска: Македонската иднина е европска, за два дена започнува дијалогот со ЕУ

1 min read

Македонската иднина е обезбедена и таа е европска.

Собранието донесе државничка одлука со која реализираме уште една стратешка цел – преговори за членство во ЕУ како Македонци со чиста формулација на македонскиот јазик и со билатерални прашања надвор од процесот на преговори.

Веќе во вторник, односно за два дена отсега, започнува дијалогот со ЕУ преку првата меѓувладина конференција која ќе се одржи во Брисел.

Ова е историско поглавје за нашата држава, по 17 години во чекалната, конечно ги започнуваме преговорите со Европската унија.

Ова е успех на граѓаните, успех на државата.

Сега се отвораат нови перспективи за државата, нови можности за просперитет за граѓаните.

Со засилено темпо продолжуваме во приклучувањето на големото европско семејство каде за многу скоро и официјално ќе се чуе нашиот македонски јазик.

Како одговорна, државотворна партија СДСМ покажа дека е возможно да се најде реѓение за сите отворени прашања, дека може да се продолжи интеграцијата во ЕУ а при тоа македонскиот јазик, македонскиот идентитет и посебност да бидат заштитени и признаени од целиот свет.

Продолжуваме да работиме во интерес на граѓаните во интерес на државата и нејзините стратешки определби.

Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Се породи Марија Шарапова: Убавата тенисерка две недели криела дека станала мајка

Следно

Младиот англиски репрезентативец Перкинс потпиша за Лидс

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian