Извлечени телата на сите членови на екипажот од украинскиот авион што се урна во Грција

1 min read

Телата на сите осум членови на екипажот од украинскиот авион што синоќа се урна во близина на грчкиот град Кавала се извлечени во акцијата на спасувачките служби, јави дописничката на МИА од Атина.

Од противпожарната служба на Грција вечерва соопштија дека заврши акцијата за извлекување на телата, а извлечените тела се пренесуваат во општата болница во Кавала.

Осумтемина членови на екипажот се украински државјани.

Украинскиот карго авион Антонов-12, што пренесуваше 11,5 тони муниција од Србија наменета за Бангладеш,се урна синоќа еден час пред полноќ западно од грчкиот град Кавала.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Историската комисија функционира автономно и нема политички влијанија, вели Османи

Следно

Киднапирање, сексуално злоставување, убиство – грозоморната вистинска приказна зад новиот документарец на „Нетфликс“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian