Истражување: Воспаление на грлото е новиот главен симптом на ковид-19

2 mins read

Истражувањето во Велика Британија покажа дека воспалението во грлото, но и главоболката, затнатиот нос и кашлицата се главните симптоми на коронавирусот.

Воспалението на грлото може да биде главниот симптом што укажува дека имате ковид-19.

Ова е најчестиот симптом пријавен од 17.500 луѓе кои минатата недела биле позитивни на коронавирусот во Велика Британија.

По воспалението на грлото, следните најчесто пријавени симптоми се главоболка, затнат нос и кашлица.
Меѓутоа, високата температура или треската, губењето на мирисот или вкусот, кои британската Националната служба за здравство ги наведува како најчести показатели за вирусот, биле поретки кај овие 17.000 луѓе.

Според податоците на студијата на Зои за симптоми на ковид, 20-те најчести симптоми што ги пријавиле испитаниците се:

– болки во грлото – 58 отсто;
– главоболка – 49 отсто;
– затнат нос, сува кашлица 40 отсто;
– засипнатост – 35 отсто;
– кивавица 32 отсто;
– замор – 27 отсто;
– болка во мускулите – 25 отсто;
– вртоглавица – 18 отсто;
– отечен врат – 15 отсто;
– болка во очите – 14 отсто;
– губење на мирисот, болка во градите, треска – 13 отсто;
– треперење – 12 отсто;
– брз замор и болка во увото – 11 отсто;
– губење на мирисот – 10 отсто.
Овие податоци се совпаѓаат со она што го пријавиле другите истражувачи.

Тоа било дел од истражувањето Реагирај 1.

Податоците покажаа дека симптомите се менувале како што напредувала пандемијата.

Научниците веруваат дека тоа може да се објасни со фактот дека и вирусот со текот на времето се менувал и мутирал.

Луѓето сè повеќе пријавуваат симптоми на грип или настинка.

Првичната варијанта на сојот омикрон се појави во март 2022 година, позната и како БA.1 и БA.2.

Во меѓувреме се појавија неговите две подваријанти БA.4 и БA.5 кои забрзано се шират и предизвикуваат зголемување на бројот на заразени лица.

„Бројот на заразени со ковид продолжува да расте. Можат да се заразат и оние кои веќе го прележале или примиле вакцина“, вели Тим Спектор, професор кој ја води студијата Зoи.

Професорот вели дека луѓето ќе треба да одлучат дали посетувањето на големи настани, одењето на работа со јавен превоз и работата од канцеларија се вредни за ризикот.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Претпладне жешко, попладне нестабилно со дожд

Следно

Османи и Генчовска во Софија ќе го потпишат билатералниот протокол

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian