ФОТО | Викторија и Дејвид Бекам ги нападнаа поради фотографијата од Хрватска: Зошто убивте толку ежови?

2 mins read

Изгледа славното семејство Бекам е воодушевено од одморот во Хрватска, а освен што се занимава со пливање и едрење, деновиве јадат и морски ежови.

Викторија Бекам објави фотографија од бротчето на кое нејзината ќерка Харпер и нејзиниот сопруг Дејвид позираат прегрнати, а пред нив се наоѓаат дваесеттина морски ежови, од кои некои очигледно ги изеле.

Морските ежови на бродот на Бекам им пречеле на некои следбеници на Викторија Бекам, па ја нападнале во коментарите.

„Зошто убивте толку ежови“, „Ова ќе живееше 100 години на Јадранот, а потоа дојдоа Бекамови…“, „Токму за тоа размислувам, ежовите се загрозени“, пишуваат следбениците под фотографијата на славниот татко и ќерка.

Следбениците дури и успеале да се скараат во коментарите поради ежовите, а многумина ги бранат Бекамовите и нивното консумирање ежови. Вадењето на ежови не е забрането, но за лична употреба е ограничено.

Покрај фотографијата со ежови, Викторија Бекам објавила уште неколку фотографии од Лопуд.

На една фотографија се гледа како Дејвид Бекам е прегрнат од нивната ќерка Харпер.

„Среќен викенд! Бакнежи од Хрватска“, напишала Викторија во описот на фотографијата.

На инстаграм-приказните кои ги објави Викторија можете да го видите и нивниот син Круз кој се забавува и скока од карпите во морето.

Викторија открила и дека таа и Дејвид се опуштиле со пијалак

Фото: Принтскрин/Инстаграм

„Пижами и малку вотка“, напиша таа покрај фотографијата со сопругот.

Да потсетиме, Бекамови пристигнаа во Хрватска на почетокот на неделата. Тие останаа околу областа Дубровник и престојуваа во луксузниот комплекс „Лопуд 1483“ на Лопуд.

ФОТО+ВИДЕО | Викторија Бекам го прослави својот 48 роденден: Покажа и како изгледала како девојче

ФОТО+ВИДЕО | Викторија Бекам го прослави својот 48 роденден: Покажа и како изгледала како девојче

ФОТО | „Ти си најневеројатниот сопруг“: Викторија му го честиташе роденденот на Дејвид Бекам

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ЛК: Македонија ЃП во третото коло може да налета на Брондби, Данди јунајтед..!

Следно

Маричиќ од Софија: Отворивме европско поглавје во односите со Бугарија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian