ФОТО | Се омажи ќерката на Берни и Славица Еклстон: Деталите за свадбата ги чуваше во тајност поради страв од поранешниот сопруг

4 mins read

 

Шефот на една англиска компанија за вработување и поранешен продавач на автомобили Сем Палмер (34) потврди дека се оженил со 33-годишната британска богаташка Петра Еклстон.

Палмер ја потврди веста објавувајќи фотографија од својот венчален прстен на својот инстаграм-профил.

„Не ми се верува дека сум оженет човек“, напишал Палмер покрај фотографијата.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Веста за венчавката се појави кога таткото на Петра и поранешен шеф на Формула 1, Берни Еклстон, за „Дејли мејл“ изјави дека неговата ќерка „ќе се венча овој викенд некаде во Лондон“.

Како што открива „Дејли Мејл“, Петра се венчала со Сем на мала романтична церемонија во нејзиниот дом во лондонскиот кварт Челзи вреден 170 милиони фунти. На свадбата присуствуваа членови на семејството Еклстон и славни пријатели на двојката.

Церемонијата се одржала во уредените градини на нејзината вила, најголемата во кралската општина Кенсингтон и Челзи, а гостите ја дочекале новата брачна двојка со аплауз. Тие ги изговориле своите завети придружени со гудачки квартет.

Пријателите на Петра ја опишале венчавката како интимен, намерен контраст со нејзината претходна венчавка од 12 милиони фунти со нејзиниот прв сопруг Џејмс Стант во Италија во 2011 година.

Сестрата на Петра, Тамара одржала емотивен говор и ја нарекла Петра своја најдобра пријателка. Говорот го зачинила со анегдоти од детството кои ги забавувале гостите.

Петра и Тамара Еклстон/Фото: Профимедиа

Нивниот татко Берни Еклстон, кој минатата недела дозна дека ќе биде обвинет за даночна измама, не бил виден како влегува на имотот, но пријателите велат дека тој бил присутен.

На венчавката присуствувала и мајката на Петра, поранешната хрватска манекенка Славица Еклстон, а извори велат дека се очекувало и доаѓањето на познатата ријалити ѕвезда Парис Хилтон. Присутни биле и познатиот фудбалер  Сеск Фабрегас и неговата сопруга Даниела Симан.

Неколку часа пред венчавката, Палмер на својот инстаграм-профил сподели многу фотографии од нив двајца и нивните деца. Тој ја нарекол Петра „апсолутна љубов на неговиот живот“.

Палмер споделил и фотографија од нивната 18-месечна ќерка Мили и децата на Петра од нејзиниот брак со контроверзниот Џејмс Стант – деветгодишната Лавинија и шестгодишните близнаци Ендру и Џејмс.

„Сан“ објави дека Петра одбила да им ја каже на гостите точната локација на церемонијата до последен момент, бидејќи се плашела дека Стант ќе се обиде да ја уништи. Стант и уште седум други се обвинети за вмешаност во операција за перење пари вредна 266 милиони фунти.

– Сите невести се нервозни пред венчавката, но за Петра тоа беше засилено со нејзините стравови во врсла со Џејмс – рекол изворот.

Иако не се заедно од 2017 година, разводот на поранешната двојка беше прилично грд.

Петра ангажирала бројни телохранители за да се погрижи ништо да не тргне наопаку тој ден, а дури ни на нејзиниот татко Берни и на сестрата Тамара не им биле кажани деталите за венчавката.

Петра, чие лично богатство се проценува на 350 милиони фунти, се разведе од бизнисменот Џејмс Стант по шест години брак.

Петра, Тамара, Славица и Берни Еклстон/Фото/Профимедиа

Петра Еклстон на пат околу светот за 300 дена: Богатата наследничка посети седум земји „бегајќи“ од коронавирусот

Петра Еклстон го роди четвртото дете: Берни доби прекрасна внука

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Македонските млади кошаркарки осмопласирани на еврошампионатот во Скопје

Следно

Серафимов: Унгарската фудбалска лига е три-четири пати посилна од македонската

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian