ФОТО: Али Адем повторно ќе го носи дресот на Шкупи

1 min read

Шкупи се подготвува за двомечот против Динамо Загреб во рамките од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Првиот натпревар ќе се игра во вторник (19 јули) на стадионот „Максимир,“ а чаирчани посакуваат да се вратат во Скопје со поволен резултат пред реваншот на 26 јули.

Во меѓувреме пред патувањето за хрватскиот главен град, македонскиот шампион го промовираше 22-годишниот играч од средниот ред Али Адем кој се враќа во клубот.

Минатата натпреварувачка сезона токму од грчкиот Арис беше испратен на позајмица во Шкупи (17 настапи во 1МФЛ), како и во Верија за која имаше само еден настап во втората грчка лига.

Сега е повторно во Шкупи со кој ќе се обиде да придонесе во резултатите на домашната и меѓународната фудбалска сцена.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Радев одлучи да го додели третиот мандат за нова влада на Бугарија на БСП

Следно

ВИДЕО | Бритни Спирс запеа по долгогодишна пауза: Конечно твојот вистински глас!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian