ДУИ: Мнозинство од граѓаните на земјата не се идентификуваа со руската агенда, одлуката „за“ е историска

1 min read

Демократската унија за интеграција ги поздравува позитивните реакции на целиот демократски свет за историската одлука „за“ францускиот предлог донесена од Собранието на Северна Македонија, кој ја запечати идеолошката ориентација на земјата без друга алтернатива, онаа за интеграција во Европската Унија.

Вашингтон, Брисел, Берлин, Париз, Рим, Лондон и сите главни градови на евроатлантските земји високо ја ценат храброста на прогресивните сили што ја водат земјата.

Неколкуте неистомисленици, ВМРО и Левица, остануваат изолирани и обединети во духот на регресивните проруски сили.

Огромното мнозинство од граѓаните на земјата не се идентификуваа со руската агенда, не потпаднаа на измами, провокации и не ги поддржаа протестите што сакаа да ја вратат земјата наназад по сите тие заеднички достигнувања и да ја сменат нејзината стратешка ориентација.

Денес е време на определување, кој е со Европа, кој е против, кој е со НАТО, а кој против, кој се усогласува со евро-американските сили, а кој со проруските. Нема сива зона, нема недефинирано.

Демократската унија за интеграција смета дека огромно мнозинство граѓани ги поддржуваат евро-американските прогресивни сили и нема да дозволиме отстапување од евроатлантскиот курс на земјата.

Демократска унија за интеграција – ДУИ

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Ајкулата ме изгриза и ме плукна: Прво интервју на човекот што го нападна голема бела ајкула

Следно

Барселона преговара со Тотенхем за продажба на Мемфис Депај

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian