Четири видови месо може да доведат до срцев и мозочен удар

2 mins read

Високиот холестерол е главен придонесувач за срцевите болести, кои и понатаму се водечка причина за смрт.

Холестеролот, заедно со другите масни наслаги, може да се наталожи на внатрешната страна на ѕидовите на артериите до тој степен да предизвика згрутчувања на крвта. Тие, пак, може да резултираат со срцев удар, додека крвните згрутчувања во мозокот или на патот до мозокот предизвикуваат мозочен удар.

Иако ова звучи загрижувачки, високото ниво на холестерол во повеќето случаи може да се спречи и контролира со здрава исхрана, вежбање, избегнување пушење, ограничување на внесот на алкохол и контролирање на телесната тежина.

За да го намалиме нивото на холестерол, мора да внимаваме на внесот на заситени и транс масти. Меѓутоа, мали количини на трансмасти природно се наоѓаат во некои животински производи како говедско, јагнешко месо, млеко и путер.

Овие четири видови месо треба да се елиминираат или да се намали нивното консумирање за да се намали нивото на холестерол.

Стек

Класичниот стек содржи 11 грама заситени масти и еден грам трансмасти по порција од 115 грама. Филе мињон има 10 грама заситени масти по порција од 115 грама.

Јагнешко

Можеби не сте знаеле, но и месото како што е јагнешкото се вбројува меѓу црвено месо, бидејќи содржи значителна количина на миоглобин. Повеќето парчиња јагнешко содржат околу 11 грама заситени масти по порција од 115 грама, додека јагнешките котлети од лопатката содржат околу девет грама заситени масти по порција со истата тежина.

Црвеното месо не треба да се консумира повеќе од еднаш неделно, а ако вашиот холестерол е надвор од дозволените граници или имате семејна историја на висок холестерол или кардиоваскуларни болести, размислете дополнително да го ограничите внесот.

Ребра

Ребрата обично имаат видливи маснотии, па не е изненадување што тие се на оваа листа. Лошата вест е што тоа значи дека со консумирање 115 грама ребра, вие внесувате 13 грама заситени масти.

Ако не можете да им одолеете на ребрата, јадете зеленчук со нив. Внесувањето на влакна е поврзано со подобра контрола на холестеролот.

Колбаси

Внесувањето преработено месо како што се колбасите може да го отежне стабилизирањето на нивото на холестерол. Повеќето чадени колбаси содржат шест грама заситени масти на порција од 50 грама, како и од 350 до 500 милиграми натриум.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Барселона преговара со Тотенхем за продажба на Мемфис Депај

Следно

Полициски контроли затекнале малолетници со алкохол во угостителски објекти после полноќ во Охрид

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian