Целосно изгоре стан во скопската населба Мичурин

1 min read

Во пожар кој се случи вчера целосно изгоре стан во скопската населба Мичурин. 

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 17,30 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во стан на бул. “Трета Македонска бригада“.

По излегување на местото на настанот, од страна на полициски службеници констатирано било дека целосно бил опожарен стан сопственост на М.М.(73).

– Повредени лица во пожарот нема и истиот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица-Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, информираат од полицијата. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Судбинска средба: Овие пет хороскопски знаци ќе ја запознаат сродната душа во август

Следно

Радев одлучи да го додели третиот мандат за нова влада на Бугарија на БСП

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian