Барселона преговара со Тотенхем за продажба на Мемфис Депај

1 min read

Барселона напредува во обидот да најде купувач за Мемфис Депај. Шпанскиот весник „Спорт“ тврди дека Каталонците преговараат со Тотенхем за Холанѓанецот.

Англичаните се подготвени да понуди околу 17 милиони фунти за играчот кој Барса го цени на 20 милиони.

Клубот од „Камп Ноу“ веќе донесе неколку нови засилувања и се обидува да најде нови тимови за играчи кои не се вклопуваат во плановите на главниот тренер Чави Ернандез, но и натаму кои се под договор.

Самиот Мемфис Депај претпочита да чека друга опција за својата иднина, бидејќи засега е „резервиран“ за враќање во Премиер лигата.

Холандскиот фудбалер сака да биде во најдобра можна форма за претстојниот Мундијал во Катар во зима.

ОФИЦИЈАЛНО: Левандовски е играч на Барселона

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ДУИ: Мнозинство од граѓаните на земјата не се идентификуваа со руската агенда, одлуката „за“ е историска

Следно

Четири видови месо може да доведат до срцев и мозочен удар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian