Времето денес сончево и топло со температура до 38 степени

1 min read

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Како што соопштија од УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Утре во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер што ќе предизвика мало опаѓање на температурата, особено во северните делови. Значителен пораст на температурата се очекува од среда.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дневен хороскоп за 16 јули: Овој ден искористете го за одмор и релаксација

Следно

„Најдовме мал „бисер“ – оставина од Фреди“: Рок-групата „Квин“ најави објавување на песна стара 33 години

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian