ВИДЕО: Авион се урна кај Кавала во Грција, кружи драматична снимка од падот

1 min read

Авион „Антонов“ од руско производство вечерва се урна во близина на грчкиот град Кавала, јавија локалните медиуми.

Според првите информации, пилотот побарал дозвола итно да слета на аеродромот во Кавала, но не успеал. Според дел од медиумите, станува збор за товарен авион, кој летал од Белград кон блискоисточната земја Јордан.

На социјалните мрежи се појави снимка направена од луѓе кои живеат во близина на местото, на која е снимен самиот пад на авионот.

Спасувачки екипи Солун и Комотини пристигнале на местото на настанот, додека се слушаат експлозии и прекин на електричната енергија во околните населени места, откако при падот ги пресекол каблите за струја.

Засега нема информации за тоа колку луѓе имало во авионот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Претставници на САД и Франција разговарале за нашиот пат кон ЕУ

Следно

Дневен хороскоп за 17 јули: Проценете го моментот за акција

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian