Група српски туристи се заглавени во стрмна планинска област кај северниот албански град Тропоја.
За жал, еден од нив Г.С., го загубил животот, најверојатно како последица на срцев удар, јавуваат српските медиуми.
„Со оглед на тоа што поради стрмниот терен не беше можно да се приземји хеликоптерот, во помош на српските туристи, пеш се упатија полициски и медицински екипи од Тропоја. Напомош се дојдени и косовските сили за пребарување и спасување“, се наведува во соопштението на полицијата.
Според истиот извор, во оперативната сала на Полицискиот комесаријат во Тропоја добиле повик од српска туристка дека им треба помош.
Тие биле заглавени во местото наречено „Врв на отворените клисури”, во месноста Валбона, кое се споредува со австриските Алпи, поради што туристите често го посетуваат.