Сите мажи на Ивана Трамп: Страсна жена која никогаш во животот не била сама

4 mins read

Ивана Трамп, првата сопруга на Доналд Трамп, ненадејно почина на 73-годишна возраст во својот дом. Ивана била пронајдена во бесвесна состојба на дното на скалите во својата куќа на Менхетн, пишуваат странските медиуми.

Гламурозната Ивана беше позната личност од високото општество, со голем сенс за бизнис и естетика.

Ивана го сакаше животот, а посебно ги сакаше мажите, па, меѓу другото, беше позната и по бурниот љубовен живот. Нејзин најзначаен брак беше оној со Доналд Трамп – ѝ донесе слава, моќ и пари, но тој не беше и единствениот.

Доналд и Ивана Трамп
Доналд и Ивана Трамп во 1985 година / Фото: Adam Scull/PHL/MPI / Capital pictures / Profimedia

За оваа манекенка, родена во тогашна Чехословачка, бракот со милијардерот всушност бил втор. Пред него таа беше во брак со агентот за недвижности Алфред Винклемајр, а наводно се омажила за него за да добие австриско државјанство. Двојката била заедно до 1973 година, кога Ивана емигрирала во Канада, но официјално се развеле во 1976 година откако таа го запознала Трамп.

Веќе следната година таа се омажила за Трамп, со кој има три деца – синовите Доналд помладиот и Ерик и ќерката Иванка. Двојката се разведе во 1992 година, а таа разделба на Ивана ѝ донесе огромна банкарска сметка, бројни недвижности и препознатливо, влијателно презиме.

Ивана Трамп никогаш не била сама. Од Сен Тропе до Монако секогаш била придружувана од мажи. Но, оваа жена не ја запоставила својата кариера. Правела низа успешни работи, ја основала модната агенција „Вилијам Морис“, козметичка линија и добила колумна во магазинот „Развод“. Медиумите ја обожаваа, па беше чест гостин на весниците и ТВ-емисиите.

Рикардо Мацучели беше третиот сопруг на Ивана. Познат италијански бизнисме и интернационален инвеститор. Се развеле во 1997 година.

Ивана Трамп и Рикардо Мацучели/Фото: Профимедиа

Ивана потоа, во 2008 година, се омажила за 24 години помладиот италијански актер и модел Росано Рубиконди, со кого пред тоа со години била во врска. Бракот со атрактивниот Италијанец траел само седум месеци бидејќи Ивана дознала за неверството на Росано.

Но, Ивана не тагувала долго – во годините што следеле, утеха најде во прегратките на моделите Џон-Дејвид Дери, Мајкл Кенеди, Италијанецот Антонио Заквил и неговиот сонародник Марко Антонио Рота

Ивана и Росано Рубиконди/Фото: Профимедиа

Меѓутоа, споменатиот Рубиконди остана голема љубов на Ивана, а врската ја обновуваа во неколку наврати и практично беа емотивно поврзани, иако без обврски, се до неговата смрт минатата година.

Ивана пред неколку години истакна дека нема желба повторно да се мажи.„Не сакам да се мажам повторно. Завршив со тоа. Се мажиш затоа што сакаш семејство. Имам три деца и внуци. Само сакам да бидам слободна и да одам каде сакам и со кого сакам. Сакам да биде слободна жена“, рекла таа тогаш и додала дека сепак сака да има „придружници“ со кои го поминува времето.„Имам многу мажи кои ме носат на ручеци и вечери, на балови или на добротворни настани. Но, не сакам да бидам врзана“, порачала таа тогаш.

Почина Росано Рубиконди на 49-годишна возраст, познат како четвртиот маж на Ивана Трамп

ПАДНАА БАКНЕЖИ: Урнебесна средба на градоначалникот на Загреб и првата жена на Трамп

Почина Ивана Трамп, поранешната сопруга на Доналд Трамп

ПАДНАА БАКНЕЖИ: Урнебесна средба на градоначалникот на Загреб и првата жена на Трамп

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Проблеми за Барселона, Чави не може да влезе во САД поради Иран

Следно

Македонското Собрание испиша историја, вели Ќучук

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian