Се разочара од фудбалот и замина во пензија, сега има милионски бизниси

1 min read

Поранешниот фудбалер на  Декстер Блексток кој во текот на кариерата играше за осум клуба, англиски второлигаши, но се разочара од фудбалот и на 30 години и реши да стави крај на професионалната кариера и да стане бизнисмен.

Блексток не заработуваше премногу од фудбалот, имаше солидни приходи, но не беше блиску до сумите што ги заработуваат играчите во Премиер лигата, но денеска шест години по пензионирањето тој има милионски бизнис.

Имено, по фудбалската кариера тој инвестираше во недвижнини и заработи милиони евра, а следната инвестиција му беше во фармацевтската индустрија од каде заработува уште повеќе пари за кои можеше да сонува како фудбалер. Блексток моментно е директор на успешната компанија „Медиконект“.

Заработува од договори со африкански земји, во кои е ексклузивен дистрибутер на лекови и има гоми приходи. „Медиконект“ нуди можност за редистрибуција на скапи лекови и гарантира подобра искористливост на лекови и заштедува пари за локалните министерства за здравство.

– Имав уште две години од договорот со Ротерам кога решив да се пензионирам. Почнав да инвестирам во недвижнини и фармацевтската индустрија уште како играч, па знаев што ќе правам по кариерата. Во фудбалот не заработував лоши, повеќе од просечниот човек, но кога сега ќе ја погледнам сметката, јасно ми е дека сум го направил вистинскиот чекор – објаснува Блексток.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Исчезна малолетничка од Скопје

Следно

Крцкаво совршенство: Бомбици со наполитанки и еурокрем готови за 15 минути

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian