Се појави антракс во Хрватска, досега угинале над сто говеда

1 min read

Во Хрватска денеска е потврдено присуство на антракс од кој веќе угинале повеќе од 100 говеда, а четворица луѓе се во болница.

Лабораториска анализа на примероци од угинати животни направил Хрватскиот ветеринарен институт во Загреб.

Министерството за земјоделство во Загреб соопшти дека кај говедата што угинале во реонот на паркот на природата „Лоњско Поље” е потврдена болеста антракс.

Се наведува дека на пасиштата Осеково угинале голем број животни, а на угинувањето им претходела појава на невролошки проблеми.

Според неофицијални информации на загрепски Вечерњи лист, угинале 107 говеда, додека четири лица се заразени.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

И Шолц ја поздрави одлуката на Собранието: Ве сакаме како членка на ЕУ, ќе бидеме покрај вас до крај

Следно

Младите кошаркари поразени од Шведска на ЕП во Тбилиси

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian