СДСМ: Потонаа сите деструкции, лажни вести и крвави сценарија на Мицкоски

1 min read

„Собранието денеска потврди дека македонската иднина е европска, иднина со заштитен македонски јазик, македонски идентитет и историска посебност“, соопшти владејачкиот Социјалдемократски сојуз, реагирајќи на прес-конференцијата на Христијан Мицкоски одржана денеска.

Еве го целото соопштение од СДСМ:

„Денеска, без разлика на деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ победници се граѓаните затоа што им е обезбедена европската иднина.

Тоа му е јасно и на Христијан Мицкоски а доказ за тоа е и неговата денешна очајна прес-конференција.

Не успеаја неговите црни сценарија и обиди за дестабилизација што ги правеше со Димитар Апасиев и Арбен Таравари, граѓаните не потклекнаа пред нивните провокации и конструкции.

Неговите пратеници со денови свиреа, навредуваа и се закануваа, говореа дека жестоко се против предлогот, за на крајот по којзнае кој пат да избегаат од салата, немајќи храброст да гласаат против.

Денес, нема поголем патриотизам од поддршката за просперитет на земјата и од одлуки кои се од највисок интерес за државата и граѓаните. Мицкоски повторно одбра да остане во минатото, изолиран и оставен сам со својот проруски партнер Левица.

Потонаа сите деструкции, лажни вести и крвави сценарија. Конечно македонскиот јазик ќе ечи секаде низ Европа. Вака се сака државата, со мудри и државнички одлуки!“, велат од владејачката партија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дерматолозите предупредуваат: Децата не смеат да изгорат на сонце

Следно

Исчезна малолетничка од Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian