Роналдо сепак може да биде замена за Левандовски во Баерн?!

1 min read

По реализацијата на трансферот на летото, преселбата на Роберт Левандовски од Баерн Минхен во Барселона, повторно актуелен стана Кристијано Роналдо кој на крајот сепак би можел да заврши во редовите на германскиот шампион.

Иако Баерн претходно го одби суперагентот Жорге Мендеш кој им ги понудил услугите на Роналдо повторно имал разговор со челниците на германскиот шампион.

Наводно Мендеш им порачал на челниците на Баерн дека Роналдо е подготвен на значително намалување на платата само за да заигра за баварците кои ќе бидат едни од главните фаворити за триумф во Лигата на шампионите, што е и главната цел на Португалецот.

Баерн кој вчера вечерта ја прифати понудата на Барселона за Левандовски би се согласил на трансфер само доколку сегашниот тим на Роналдо, Манчестер јунајтед не бара голема отштета.

На Баерн му е потребен напаѓач кој ќе може да го замени Левандовски, иако летово го купи и Садио Мане од Ливерпул.

 

ГОТОВО: Баерн ја прифати конечната понуда на Барса за Левандовски

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вучиќ се пофали: Први во регионот имаме директни летови до Пекинг

Следно

Пике е бесен: Шакира брза да ја напушти Барселона со синовите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian