Рама: Конечно! Нема веќе пречки на патот на Албанија кон ЕУ

1 min read

Албанскиот премиер Еди Рама со реакција по одобрувањето на францускиот предлог во Собранието на Северна Македонија, велејќи дека конечно повеќе „нема никаква пречка за преговорите за членство на Албанија во ЕУ”.

– Конечно! Преговорите за членство на Албанија во Европската Унија веќе немаат никакви пречки! Собранието на Северна Македонија штотуку даде зелено светло за последниот француски предлог. Апсурдното заложништво на Албанија заврши, напиша Рама во подолга објава на „Фејсбук”.

Додава дека „беа потребни три исцрпувачки години од донесувањето на одлуките на Европскиот совет за да се отвори патот за преговори, така што синџирот на вештачки пречки поставени пред Албанија е целосно израмнет”.

Меѓудругото заблагодарувајќи им се на стратешките сојузници, Рама нагласува дека „албанската делегација ќе замине во понеделник во Брисел за да го започне овој нов дел од патот, почнувајќи ги преговорите за членство”.

– Ќе успееме и во овој нов дел од напорите, со поблиско поврзување со Албанците и насочување со нови сили на врвот каде што ќе ја воздигнеме Албанија, напиша меѓудругото Рама.

На објавата на која постира фотографија со поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, тој посебна благодарност упати и до сопругата Линда и децата за поддршката.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кои хороскопски знаци имаат најсилен карактер?

Следно

Проблеми за Барселона, Чави не може да влезе во САД поради Иран

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Каков дебакл – во истиот ден кога Каевски се фалеше дека го заштитиле идентитетот, демантот стигна од Бугарија, Македонија прифатила дека Самоил е бугарски цар, а Климент и Наум твореле во бугарска држава

Кој го намести младиот олигарх Дарко Каевски поразот да го прославува како победа, во истиот ден

MacedonianEnglishAlbanian