Проблеми за Барселона, Чави не може да влезе во САД поради Иран

1 min read

Првиот дел од подготовките што треба да ги одработат во Мајами, САД, фудбалерите на Барселона ќе мора да го работат без тренер.

Имено, Чави Ернандез не добил дозвола за влез во САД, а дури кога ќе ја помине деталната процедура ќе може да влезе во земјата.

Причината за недобивањето на американска виза е што своевремено како играч на катарскиот тим Ал Сад неколку пати бил во Иран со кој САД немаат дипломатски односи.
Поради тоа, на Чави му е потребна посебна дозвола за влез во САД.
Интересно е што Чави последниот натпревар како фудбалер го одигра токму во главниот град на Иран, Техеран.

Вчера попладне беше откриено дека има административен проблем, а денеска Чави не можеше да ја добие потребната виза за влез во САД. Се очекува деталната процедура да започне в понеделник.

Проблемот го засега само Чави, а не и останатите членови на неговиот штаб, кои работеа со него во Ал Сад. Додека беше тренер на Ал Сад, Чави никогаш не играше против ирански клубови, па неговиот проблем со американските правила датира уште од играчките денови.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Рама: Конечно! Нема веќе пречки на патот на Албанија кон ЕУ

Следно

Сите мажи на Ивана Трамп: Страсна жена која никогаш во животот не била сама

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian