Претставници на САД и Франција разговарале за нашиот пат кон ЕУ

1 min read

Заменичката на државниот секретар на САД, Венди Шерман, синоќа телефонски разговарала со генералниот секретар на француското Министерство за надворешни работи, Франсоа Делатр, а за најновите случувања на патот на Северна Македонија и Албанија за членство во Европската Унија, јавија од Стејт департментот.

Ова денеска го соопшти портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.

-Заменик-секретарот Шерман и генералниот секретар Делатр разговараа и за најновите случувања околу патот на Албанија и Северна Македонија кон членство во Европската Унија, се вели во изјавата на Прајс.

Прајс изјави дека тие разговарале и за тековните заеднички напори за обезбедување поддршка за Украина и да се повика Русија на одговорност поради „нејзината неиспровоцирана и неоправдана војна“.

-Двајцата зборуваа за важната работа за ублажување на предизвиците за глобалната безбедност на храната што резултираа од акциите на Кремљ, соопшти меѓудругото Прајс.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Проколнатата „деветка“ во Челси уништи уште една кариера: Сега никој не сака да ја носи

Следно

ВИДЕО: Авион се урна кај Кавала во Грција, кружи драматична снимка од падот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian