По обвинувањата за сексуално вознемирување Џејмс Франко се враќа на актерството

2 mins read

Актерот Џејмс Франко се враќа на актерството четири години откако пет жени го обвинија за сексуално недолично однесување. 44-годишниот актер ја доби улогата на рибар во филмот на данскиот режисер Бил Аугуст во повоената драма „Me, You“, пренесува „Page Six“.

По обвинувањата за сексуално вознемирување, се враќа на актерството: „Направив пауза, сите беа лути“

„Возбуден сум што ќе се приклучам на овој феноменален проект и ќе работам со легендарниот Бил Аугуст. Јас сум голем обожавател на неговата работа, а „Me, You“ е навистина брилијантно сценарио“, изјави Франко.

Во јуни 2021 година, Франко се спогоди за сексуално недолично однесување за 2,2 милиони долари, откако тој и неговиот деловен партнер беа обвинети за „несоодветно сексуално однесување кон студентките користејќи ја нивната моќ како учители и работодавачи обезбедувајќи им можности за улоги во нивни проекти“ во актерската школа што некогаш ја водеа.

Покрај тоа што беше обвинет за сексуален напад од страна на пет жени во 2018 година, актерот се најде на насловните страници и поради обидот да се состане со седумнаесетгодишно девојче во хотел во Њујорк во 2014 година.

По избивањето на скандалот, Франко призна дека пораките се легитимни и се извини, велејќи дека е „засрамен“ и дека донел „лоша проценка“.

Во „The Jess Cagle Show“ минатата година, Франко рече дека е зависник од секс и „целосно слеп за чувствата на луѓето“.

„Во 2018 година имаше поплаки за мене и напис за мене и во тој момент само помислив дека ќе молчам, ќе одморам. Не беше вистинско време да кажам нешто бидејќи имаше луѓе кои ми беа лути и морав да ги слушам. Не сакав да повредувам луѓе“, истакна актерот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Буфон не размислува за крај: Би можел да се пензионирам на 55 години

Следно

Нови санкции од ЕУ за извоз на злато од Русија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian