Пике е бесен: Шакира брза да ја напушти Барселона со синовите

1 min read

Шакира и Жерар Пике пред неколку недели потврдија дека се разделуваат по 12 години заеднички живот. Пејачката и фудбалерот имаат два сина Милан и Саша, а според шпанските медиуми не се договориле меѓусебно кој ќе го има старателството над децата.

Шакира сака што побрзо да ја напушти Барселона и да се пресели во Мајами, Америка. Затоа ангажирала тим од адвокати за да го забрза процесот за таа како мајка да го добие старателството над момчињата.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Пике е бесен и не сака да се откаже од своите наследници без борба. Асот на Барселона сака да започне нов судски спор, доколку Шакира се пресели во Америка пред судската одлука за старателството над децата.

Шакира наводно му испратила понуда на Пике да го убеди да се предомисли и да и го даде старателството без судски спор, за таа и нејзините синови да се иселат што е можно поскоро.

Нејзината понуда гласи:

„Пике не би морал да плаќа алиментација, а синовите би можел да ги посетува пет пати годишно, со покриени патни трошоци. Шакира исто така му понуди на Пике 2.000.000 долари за да го плати својот даночен долг кон Шпанија. Сепак, фудбалерот одбил се што е понудено и решил правдата да ја бара на суд“.

Да потсетиме, медиумите објавија дека причина за раскинувањето е наводнoто неверство на фудбалерот, но славната двојка ниту потврдија, но и ниту демантираат.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Роналдо сепак може да биде замена за Левандовски во Баерн?!

Следно

МЗ препорачува носење маски во затворени простории при подолг престој и редовно проветрување

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian