Османи утре оди за Софија, со Генчовска ќе го потпишат Протоколот

1 min read

Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе отпатува за Софија каде ќе го потпише билатералниот протокол меѓу Република Македонија и Република Бугарија.

Потпишувањето од Османи и бугарската министерка за надворешни работи во оставка Теодора Генчовска ќе биде во 10 часот по бугарско време, а претходно ќе се одржи состанок на меѓувладината комисија.

Ова следува по денешното усвојување на заклучоците за францускиот предлог во македонското Собрание, по што Владата на седница одлучи да го прифати предлогот на француското претседателство.

Премиерот Димитар Ковачевски попладнево на прес-конференција соопшти дека Владата го задолжила министерот за надворешни работи да ја информира Бугарија за заклучоците што ги изгласа Собранието.

Првата меѓувладина конференција, како што денеска најави премиерот Ковачевски, ќе се одржи во вторник во Брисел.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Има 71 година и изгледа фантастично! Неда Украден совршена во костим за капење

Следно

Несторовски во гол форма, два пати ја тресеше мрежата на Унион Берлин

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian