Доколку постоеја некакви дилеми, сега повеќе ги нема, Роберт Левандовски и оифицијално стана фудбалер на Барселона, потврди каталонскиот тим.
Одличниот напаѓач откако ќе ги помине лекарските прегледи ќе потпише тригодишен договор со Барселона. Каталонскиот тим се согласи да плати колку што бараше Баерн Минхен за трансферот, 45 милиони евра отштета плус 5 милиони во бонуси.
— FC Barcelona (@FCBarcelona) July 16, 2022
Левандовски помина осум години на „Алијанц Арената“ и освен осумте титули во Бундеслигата, тој во 2020 година триумфира и во Лигата на шампионите.
Полјакот на 375 натпревари во дресот на Баерн Минхен постигна дури 344 гола.