Од Британија во Албанија трансферирана нова група осуденици за тешки кривични дела

1 min read

Врз основа на договорот меѓу двете земји за трансфер на затвореници, со посебен авионски лет од Велика Британија, во Тирана синоќа трансферирана е третата група албански државјани, осудени за тешки кривични дела.

Станува збор за 23 лица осудени главно за шверц со дрога, со вкупна затворска казна од 55 години.

– Меѓу депортираните е и едно лице осудено на пет и пол години затвор за шверц на дрога од класа А. Друг исто така е осуден на три години и четири месеци затвор за производство на дрога од класа Б, наведуваат медиумите.

Пренесуваат и изјава на Прити Пател од британското МВР во која се наведува дека „тие криминалци се одговорни за ужасни злосторства со дрога кои уништуваат животи, семејства и заедници”.

Досега во Албанија се трансферирани 236 албански државјани, осудени за разни кривични дела во Обединетото Кралство.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Османи: Време е да ги собереме впечатоците и да ѝ обезбедиме европска иднина на земјата

Следно

Мицов: Имав понуди да играм за Македонија и Црна Гора, но…

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian