Нови санкции од ЕУ за извоз на злато од Русија

1 min read

Европската унија со седмиот пакет санкции предложен од Европската комисија на 15 јули го таргетира извозот на руско злато. Предлогот на комисијата предвидува забрана за извоз на злато од Русија во блокот, како дел од напорите за усогласување на санкциите на ЕУ со водечките индустриски развиени земји од групата седум (Г7) и другите меѓународни партнери.

Г7 во јуни објави забрана за увоз на руско злато, потег насочен кон руските олигарси и воената машинерија на рускиот претседател Владимир Путин. Британската влада тогаш соопшти дека извозот на руско злато минатата година изнесувал повеќе од 15 милијарди долари.

Претходните шест рунди санкции на ЕУ беа насочени кон економијата на Русија, финансискиот систем, централната банка, највисоките владини претставници, како и рускиот претседател Владимир Путин и неговиот близок круг. Последниот пакет усвоен во јуни наметна забрана за најголемиот дел од увозот на руска нафта.

Новите мерки доаѓаат бидејќи „руската брутална војна против Украина продолжува со несмалено темпо“, се вели во изјавата на претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен.

Украинската вицепремиерка Олга Стефанишина на 14 јули ја повика ЕУ да продолжи да врши притисок врз Русија со нови санкции. Руската инвазија во Украина започна на 24 февруари.

kurir.mk

Претходно

По обвинувањата за сексуално вознемирување Џејмс Франко се враќа на актерството

Следно

„25 години возиме по вакви улици, само празни предизборни ветувања“, центарци реагираат за раскопаните улици во општината

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian