Несторовски во гол форма, два пати ја тресеше мрежата на Унион Берлин

1 min read

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски игра одлично на пријателските натпревари пред стартот на новата сезона во Серија А.

Несторовски постигна два гола во ремито од 3:3 на неговиот Удинезе против Унион Берлин.

Македонецот не го започна натпреварот во првиот тим, но влезе во игра во 15 минута и тоа на местото на повредениот Жерар Делофеу и по само 11 минути поминати на теренот постигна гол. Вториот гол го даде во финишот од првиот дел, во 43. минута.

Несторовски постигна гол и на претходниот натпревар на Удинезе против Лиенц кој италијанскиот тим го доби со убедливи 11:0.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Османи утре оди за Софија, со Генчовска ќе го потпишат Протоколот

Следно

ФОТО | Моден двобој: Стајлингот на Наоми Кемпбел поради кој и Брижит Макрон остана во сенка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian