Навивачите на Аугсбург не дозволија нивниот тим да одигра пријателски натпревар со катарски тим

1 min read

Германскиот бундеслигаш Аугсбург соопшти дека го откажал пријателскиот натпревар со катарскиот Ал-Духаил по критиките од навивачите.

Аугсбург во недела требаше да одигра пријателски натпревар со Ал-Духаил во Австрија, но го откажа мечот и наместо со катарскиот тим, ќе игра против Шалке.

– Бевме свесни за чувствителноста на натпреварот против катарскиот клуб. Сега се појави можноста да играме против Шалке и го откажавме дуелот против Ал-Духаил – изјави спортскиот директор на Аугсбург, Штефан Ројтер.

Навивачите на Аугсбург сметаа дека натпреварот со Ал-Духаил ќе претставуваше подобрување на имиџот на Катар кој е на удар на спортската јавност поради правата на жените, ЛГБТ заедницата какои на работниците мигранти во Катар.

Фановите на Аугсбург исто така ги поддржаа и повиците до навивачите да го бојкотираат Светското првенство во Катар што ќе се игра во ноември и декември.

Минатиот месец, навивачите на Вотфорд изјавија дека го убедиле одборот да го откаже пријателскиот натпревар против репрезентацијата на Катар поради загриженоста за човековите права во земјата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Уапсен најбараниот нарко бос во Мексико

Следно

Дали е подобро да примите бустер вакцина против ковид-19 веднаш или по летниот одмор?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian