Актерката Натали Портман во неодамнешното интервју за „The Sunday Times Style“ откри дека се чувствува непријатно затоа што кога била тинејџерка во филмовите била сексуализирана.
Првото филмско појавување 41-годишната актерка го имала на 13-годишна возраст, кога ја играше Матилда во филмот „Léon“ од 1994 година. Тогаш, вели таа, сексуализацијата била нормална работа.
„Дел од тоа произлегува од самите улоги и начинот на кој се напишани, а дел од критичарите и новинарите. Се сеќавам, имав околу 13 години и го прочитав описот на филмот во кој глумев… Таму беа споменати моите гради“, изјави Натали, која токму поради тоа усвоила некои одбранбени механизми, како на пример одбивање улоги кои вклучуваат секс сцени.

„Не сакав да ги играм тие улоги затоа што не сакав да се претставам така. Ми се чинеше дека тоа е позиција каде што ќе бидам ранлива и каде што нема да ме почитуваат“, објасни таа.

Портман додаде дека била пријатно изненадена кога била замолена да оди на аудиција за улога во „Thor: Love and Thunder“.
„Тоа беше сосема невообичаено. Прекрасно е што ме замолија да се здебелам за филмот, бидејќи трансформациите за актерките обично значат да се биде што е можно послаба“, изјави таа.