„Најдовме мал „бисер“ – оставина од Фреди“: Рок-групата „Квин“ најави објавување на песна стара 33 години

1 min read

Необјавена песна на рок-групата „Квин“, што на крајот од животот ја отпеал пејачот Фреди Меркјури (1946-1991), може да биде објавена во септември оваа година, соопштија членовите на бендот, Брајан Меј и Роџер Тејлор за Би-Би-Си.

„НАЈДОВМЕ МАЛ „БИСЕР“ – ОСТАВИНА ОД ФРЕДИ НА КОЈА МАЛКУ БЕВМЕ ПОДЗАБОРАВИЛЕ“, РЕЧЕ ТЕЈЛОР. ПЕСНАТА Е ОДЛИЧНА. ТОА Е ВИСТИНСКО ОТКРИТИЕ, ОД 1989 ГОДИНА И МИСЛАМ ДЕКА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ ВО СЕПТЕМВРИ, ДОДАДЕ ТАПАНАРОТ НА БЕНДОТ.

 

Меј од своја страна објасни како е откриена и дека се плашелe oти песната со работен наслов „Face It Alone“ во еден миг била изгубена, но на крајот ја нашле и решиле да ја објават.

„НИ СЕ ЧИНЕШЕ, НИКОЈ НЕ ЗНАЕШЕ КАДЕ Е… ИАКО ЈА ИМАВМЕ НАОКОЛУ. ЈА БАРАВМЕ ПОВЕЌЕПАТИ И ВЕЌЕ МИСЛЕВМЕ ДЕКА НЕ МОЖЕ ДА СЕ НАЈДЕ“, ИЗЈАВИЛ ГИТАРИСТОТ НА БЕНДОТ, ОЦЕНУВАЈЌИ ЈА ПРЕКРАСНА И ТРОГАТЕЛНА, ВЕЛИ МУЗИЧАРОТ.

Бендот има издадено 15 студиски албуми, и речиси 100 милиони примероци продадени ширум светот. Последниот студиски албум на „Квин“ беше објавен во 1995 година, четири години по смртта на Меркјури, кој почина од СИДА.

И покрај смртта на вокалистот и заминувањето на басистот Џон Дикон, „Квин“ сѐ уште активно настапува со обновена постава. Во групата времено се менуваат Британецот Пол Роџерс и Американецот Адам Ламберт.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Времето денес сончево и топло со температура до 38 степени

Следно

Собранието трет ден ќе расправа за Информацијата за Предлог-преговарачката рамка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian