„Мудра и одговорна одлука“: Бојко Борисов им честита на македонските пратеници

1 min read

Лидерот на најголемата бугарска опозициска партија, ГЕРБ, Бојко Борисов, им честита на пратениците во македонскиот Парламент за прифаќањето на францускиот предлог.

Борисов во објава на Фејсбук упати честитки за „мудрата и одговорна одлука на македонското Собрание со која се отвораат вратите за почеток на преговорите за членство во ЕУ“.

Ова е процес кој е започнат уште во 2017 година, кога беше потпишан Договорот за добрососедство и во преден план беше ставена заедничката историја меѓу двете земји, вели Борисов.

„За време на бугарското претседавање со ЕУ во 2018 година, ние бевме тие кои ја вративме темата за проширувањето на агендата на Европа. Отсекогаш верував дека интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е клучна за мјирот, разбирањето и просперитетот“, напиша Борисов во објавата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Научете како да го менаџирате бесот: Седум корисни совети од психолозите за самоконтрола

Следно

Проколнатата „деветка“ во Челси уништи уште една кариера: Сега никој не сака да ја носи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian