Младите ракометари со реми го започнаа настапот на ЕХФ шампионатот во Варна

1 min read

Ракометната репрезентација на Македонија до 20 години ремизираше против Украина 23:23 на стартот на младинскиот ЕХФ шампионат што се одржува во Варна, Бугарија.
Младите ракометари до ремито дојдоа со голот на Шулески во последните секунди од натпреварот.

Првото полувреме помина во изрманета игра на двете селекции, Украина најчесто ја имаше предноста од еден гол. Украина во еден момент имаше и предност од два гола (3:5) но Македонија успеа да израмни на 5:5 и 6:6, но на одмор се замина со резултат 9:10.

Во второто полувреме, Украинците подобро започнаа и поведоа со 10:12, но Иваноски и Тодески донесоа израмнување на 12:12. Потоа следеше лош период на македонските ракометари од 12 минути без постигнат гол што Украина го искористи за да направи предност од плус пет (13:18) во 45 минута.

Но, негативата не ги поколеба младите ракометари кои на четири минут до крајот  со серија 6:1 дојдоа до 21:21. Во последната минута се влезе нерешено 22:22, по што Горбах погоди за Украина, а во последната секунда прецизен беше и Шулески за избегнување на пораз и конечни 23:23.

Шулески со шест гола беше најдобар во македонскиот табор, Ивановски и Тодевски дадоа по пет, а по два имаа Белистојановски и Петковски.
Утре Македонија во второто коло ќе игра против Косово од 18 часот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Српски туристи заглавија во планините на северна Албанија, ги спасуваат и косовски екипи

Следно

Натали Портман призна: Бев сексуализирана како тинејџерка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian